Дома Спорт Академија Пандев го освои Купот на Македонија, првпат во клупската историја

Академија Пандев го освои Купот на Македонија, првпат во клупската историја

Тимот на Академија Пандев е победник на 27.финале во Купот на Македонија, откако по изведување пенали славеше против Македонија ЃП со 4-2. Тоа прв куп-пехар во историјата за струмичкиот тим.

Во регуларниот тек мечот заврши 2-2, а по продолженијата остана истиот резултат. Фудбалерите на Академија Пандев беа поуспешни при ударите од белата точка, а херој беше голманот Душан Чубраковиќ кој ги одбрани ударите на Робсон да Силва и на Дејан Тантуровски. „Пандевци“ беа максимално прецизни при изведувањето на пеналите.

Финалето многу рано беше отворено со воведниот погодок. Сашко Пандев во десеттата минута со одличен шут од 25 метри го надмудри Марко Јовановски. Сепак, Македонија Ѓорче Петров брзо возврати.

Во 21.минута беше досуден слободен удар од 17 метри, а за Робсон да Силва тоа е како пенал. Погоди во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Второто полувреме донесе исто така интересен фудбал и уште два гола во самата заврпница. Дејан Тантуровски со удар со глава во 84.минута донесе водство за Македонија ЃП. Две минути подоцна беше досуден пенал за Академија Пандев, а Љупчо Дориев израмни на 2-2.Макфудбал.мк