Вучиќ: В понеделник апсење на српски полицајци во Косово

0
274

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека властите во Приштина, во обид да ја ослабат одбраната на северно Косово, имаат намера в понеделник да апсат српски полицајци.

Според информациите кои ги добил Вучиќ властите во Приштина сакале да уапсат 26 припадници на косовската полиција од северно Косово, како и 15 други лица, со цел тоа подрачје да остане незаштитено.

– Тоа е нова намера, под изговор дека тие, наводно, учествувале во корупција и тоа ќе го прикажат како случај на борба против корупцијата, со цел северот на Косово и Косовска Митровица да останат незаштитени и тоа сакаат да го направат на највалкан начин, рече Вучиќ. 

Тој рече дека за намерата на Приштина ги информирал меѓународните институции и оти лично вчера направил неколку телефонски разговори.