Ел Чека се закани: Меѓународна истрага за Диво Насеље или ќе објавам пострашни бомби

0
84

Чoвекот кој од Чикаго на фејсбук-профилот Ел Чека овие два дена објави неколку, досега необјавени прислушувани разговори, главно меѓу функционерите на ДУИ, најавува продолжување на неговите активности ако државата не го спроведе она што ДУИ го вети, а тоа е меѓународна истрага за кумановските настани.

Bo бомбите на Ел Чека се слушаат разговори наводно на високи функционери на ДУИ, почнувајќи од Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети…

Валдет Зекај, осуден на доживотна казна, Шефќет Халаќи и Сами Укшини или командант Соколи кои добија 40 години затвор за терористички напад во Диво Насеље, преку адвокатот Насер Рауфи барале да бидат известени медиумите дека тие ги поседуваат „бомбите“ . Тие наводно побарале од Ел Чека да ги објавува од Чикаго, каде што моментално живее.

На фејсбук-профилот Ел Чека има најави за уште поконтроверзни разговори на функционери од ДУИ, ако не се спроведе меѓународна истрага за овој случај.

Денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, откако беше прашан за овие „бомби“ одби да даде каков било одговор