Зоран Заев истакна дека проблемите со него биле одамна и дека Беља бил планиран за смена уште пред да биде разрешен од министерот Филипче.
-Тој така настапи затоа што му беше соопштено дека ќе биде разрешен и тргна по тој пат. Откако слушна дека ќе биде променет, тргна по тој пат. Не се плашиме што тој ќе каже, но тој тропа глупости, и ние нема да дозволиме некој да си игра играчки со институциите. Индициите за одредени криминални дејствија или било што, истражните органи треба да ги проверат, почнувајќи од Зоран Заев па надолу, по хиерархијата на извршната власт, без оглед за кого се работи, додаде Заев.