Home Вести Македонија Мицкоски: Додека Заев сее магла со метлата, капиталните инвестиции се фијаско (ВИДЕО)

Мицкоски: Додека Заев сее магла со метлата, капиталните инвестиции се фијаско (ВИДЕО)

0
62

Додека Премиерот Зоран Заев ја занимава јавноста со внатрепартиските комбинаторки, борбата за превласт и сеењето на магла во јавноста за некакви промени, во економијата продолжуваат да се нижат негативни резултати, неуспеси и да опаѓа стандардот на граѓаните, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во своето видео обраќање порачува:

„Додека граѓаните се вистински незадоволни од неработа на државните функционери од СДСМ, премиерот Заев прави смени на партиските функции се со цел да одбегне сопствената одговорност за поразите во политиката и економијата, додека истите тие луѓе продолжуваат да ја водат државата. Ниту ваквата парада не може да го сокрие податтокот дека капиталните инвестиции за првите 4 месеци  се исклучителни ниски и изнесуваат  9,83 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Овие резултати се полоши дури за 10% од истиот период во 2018 година кога беа реализирани исто така ниски 10.96% од планираните пари за капитални расходи. Буџетот наместо за капитални расходи се троши за тековни трошоци. Вистинско преживување по принципот купи ден помини“-вели тој.

Мицкоски посочува дека нема инвестиции во нови патишта, болници, училишта, нема инвестиции во градежништвото, истото замира додека стандардот е се полош.

-Нема инвестиции во инфраструктурата. А таа е предуслов за одржлив економски развој, за подобрување на приватниот сектор, за побрзото движење на граѓаните, производите и услугите,  за ослободување и стимулирање на приватните инвестиции, за раст на вработувањата и платите, за подобар квалитет на животот и вложувањето во иднината на државата. Економскиот тим на владата е најнеуспешниот во нашата историја. Ниското ниво на капитални инвестиции што е го факт кој говори за неспособност и неработа на владата. И ова не се покрива со никаква метла, со никакви розеви очила, ниту пак голи ПР-алатки. И секој еден човек знае дека кај СДСМ ништо не се менува, ниту пак ќе биде подобро. Македонија заслужува повеќе. Македонија заслужува правда и работа која ќе донесе стандарди и успеси за сите граѓани, порачува Мицкоски.