Опасен отров расфрлан на јавните површини низ Општина Аеродром

0
196

 

Од Општина Аеродром информираат дека има расфрлано отров по јавните површини низ општината. Отровот е опасен како за луѓето така и за животните

„Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека на јавните површини во Општина Аеродром има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето. Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон“, соопштуваат од Општина Аеродром.