Османи – Министрите на ДУИ одговараат пред нивните партиски органи, но крајниот збор за нивно разрешување ќе го имаат Ахмети и Заев

0
215

 

Вицепремиерот Бујар Османи го повтори ставот дека секој министер на ДУИ одговара пред партиските органи и пред лидерот на партијата Али Ахмети, но сепак за најавената реконструкција на Заев која премиерот нарекува метла, денеска Османи со помек став. Тој рече дека на крај за разрешувањето и именувањето на нови министри, треба да одлучат двајцата лидери на партиите кои ја сочинуваат владата.

-Ние имаме политичка влада а не експертска влада. Неа ја сочинуваат политички партии кои го добиле мандатот од граѓаните. Министрите на ДУИ се избрани во партиските тела на ДУИ и тие можат да бидат разрешени од ДУИ. Се разбира коалицијата и натаму функционира, ако има некој од лидерите забелешки кон другиот владин партнер, тие отворено тоа го кажуваат и донесуваат одлуки заедно. Но ние сме преставници на ДУИ на Албанците. Коалицијата ја сочинуваат воглавно двете политички партии ДУИ и СДСМ и во однос на составот на министрите на крај се договараат лидерите на двете политички партии, и на крај ќе има заеднички договор.

Османи денес беше во посета на Тетовскиот универзитет, каде одржа средба со ректорот Вулнет Амети. Потоа пред студентите одржа презентација на проект за избор на најдобри есеи од тетовските студенти кои студираат на државните факултети.

-Во пресрет на големата одлука за започнување на преговори со Европската унија се мобилизраат сите општестевни слоеви. И отворивме натпревар меѓу студентите кои преку есее ќе пишуваат за европската унија. Најдобрите ќе добијат награди да го посетат Брисел да видат како работи Европската Унија. Разговаравме со ректорот Вулент Амети да видиме кои се експерти можат да ни се приклучат во преговорите, затоа што станува збор за комплексна работа. Тука во преговорите со Европпската Унија треба да се вклучат експерти невладини организации, а не само членови на централната власт.