Home Вести Македонија Сите виновни, само тој чист: Заев само себеси се спасува од бродот...

Сите виновни, само тој чист: Заев само себеси се спасува од бродот кој тоне

0
78

По поразителните изборни резултати со кои СДСМ се соочи на претседателските избори, лидерот на партијата најави метли.

Уверуваше дека тој ќе сноси одговорност за сите постапки на Владата и функционерите кои лично ги постави, но тоа било само уште едно замачкување на очи за јавноста.

Сега, фактичката состојба е сосема спротивна. Заев само себеси се спасува од бродот кој тоне.

Во партија која е соочена со очигледното губење на поддршката, јасно е дека треба нешто да се менува. Но, одговорноста за сите неуспеси и порази треба да ја носи првиот човек, во случајов, лично претседателот на партијата и Владата, Зоран Заев.

Овој политичар ја греши, а изгледа и не ја разбира реченицата „Рибата смрди од главата“.

Потпретседатели во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Сите денес добија метла. Само претседателот останува на највисоката функција.

Разрешен е и генералниот секретар, но Заев си назначи близок соработник за оваа функција.

Како што пишуваат медиумите, разрешено е целото раководство на СДСМ, разрешени се сите потпретседатели, извршниот одбор на партијата, форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар на партијата. Само претседателот си се амнестира себеси од одговорност.

Според Заев, за неуспехот и лошите резултати се виновни сите, само тој е чист.

СДСМ е брод кој тоне, а Заев е спремен сите да ги турне во водата, само себеси да се спаси./ Коментар на Курир.мк