Австрија доби канцеларка-Бригите Бирлајн на местото на Себастијан Курц

0
279

Австрискиот претседател Александер Ван дер Белен денеска ја избра претседателката на Уставниот суд за привремена канцеларка , откако парламентот му изгласа недоверба на Себастијан Курц и на неговата влада.

Бригите Бирлајн, која оваа година поради навршените 70 години , ќе мора да се пензионира од местото претседател на Уставниот суд, е задолжена да го состави кабинетот кој ќе има поддршка од Парламентот до изборите , што ќе се одржат во септември. Така Бирлајн ќе стане и првата канцеларка на Австрија.

,,Најважна цел во овој момент е да се смири напнатоста и да се изгради довербамеѓу сите политички страни …во Австрија, Европа и во целиот свет.” рече Бирлајн. Австрискиот претседател Ван дер Белен најави дека во понеделник ќе ја именува Бирлајн за нова канцеларака.

Владата на Курц се распадна како резултат на аферата Ибицагејт, каде заменик канцеларот Ханц Кристијан Штрахе во 2016 договара бизнис со жена која се претставила како внука на руски милијардер .

Штрахе и нуди поволности за тендери , а видеото од овој разговор беше објавено на неколку дена пред ЕП изборите, по што министрите од коалицијата на партијата на Штрахе другиот ден си поднесоа оставки, а Курц најави вонредни избори.