Беџети со порака до Османи: Јуни е блиску! Реформските закони не се донесени!

0
207

Портпаролот на Алијанса за Албанците, Флакран Беџети, преку пост на Фејсбук реагираше на телевизискиот настап на портпаролот на ДУИ и вицепремиер за Евроинтеграции на РСМ, Бујар Османи во емисијата 200 на Алсат-М за бавната динамика на реформите, кои се предуслов за Северна Македонија да добие позитивен извештај во јуни од ЕУ и да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, пренесува порталот Фол.мк.

Според него, Владата не ги исполнува навреме обврските на ЕУ во спроведувањето на реформските закони, особено во правосудството, потсетувајќи го Бујар Османи дека јуни е многу блиску.

“Функционерите од власта треба да знаат дека позитивниот извештај на ЕУ за Македонија и препораката за добивање датум за почеток на преговорите на РСМ со ЕУ во јуни или јули, не се постигну само кажувајќиго тоа по ТВ дебати, или затоа што ние сакаме, туку се постигнува работејќи посветено и интензивно на реформите во судството (Законот за судови, Законот за Јавното Обвинителство, Законот за спречување на корупција и судир на интереси, недостаток на реформи во јавната администрација и департизација и деполитизација на јавната администрација, недостатокот на реформи во полицијата и безбедносните служби и во сите сфери на политичкиот и јавниот живот. Реформите не се постигнуваат само со донесување закони во Собранието, иако често има недостиг на кохезија со опозицијата туку е неопходна имплементација во пракса, каде што треба да има професионалност, упорност и достоинството на носителите на функци во соодветните институци. Во ниту еден момент граѓаните на РСМ не го чувствуваат мирисот на реформите особено во областа на правдата а уште помалку разликата од минатото, тоа не може да биде забележано ниту од страна на претставниците на ЕУ. Скептицизам во врска со датумот за почеток на преговорите со ЕУ е, исто така можеше да се забележи и во одговорот вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, запрашан во емисијата 200 во Алсат-М, за тоа дали ќе сноси одговорност ако РСМ не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни 2019 година, на кој изгледа не му се допадна прашањето за одговорност или евентуална оставка “, напиша портпаролот Алијанса за Албанците Флакрон Беџети.