Богоевски не ги наклеветил Џафери и Ахмети одлучи Апелација

0
205

Апелациониот суд денеска донесе одлука според која поранешниот разузнавач Слободан Богоевски не ги наклеветил лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер, Муса Џафери, против кои сведочеше во случајот „Маѓар Телеком“.

Судот ја прифати жалбата на Богоевски и донесе одлука дека тужбата на Ахмети и на Џафери била недопуштена. Ова е втор пат за Апелација да донесе одлука, претходната беше дека Богоевски сторил клевета.