Богојески: Денес Б.Ц. се врати од пензија и веднаш снесе кукавичко јајце во македонското европско седело!

0
183

Активистот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во изјава за „Фокус“ ја критикуваше денешната посета на поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Владата и ја нарече очајнички обид да ја смести Македонија среде „српската манџа“.

-Денес Б.Ц. се врати од пензија и веднаш снесе кукавичко јајце во македонското европско седело! Имено, Западен Балкан во кој влегуваат и Србија, Црна Гора, Босна и Косово, покрај Македонија и Албанија, уште долго, долго време ќе остане заложник на “косовското” и “босанското” прашање. Конкретно тоа е “српското” прашање на Балканот. Очајниот обид на БЦ, (активиран на тастер, преку некој т.н. Подгорички клуб, “загрижен” за кртопатот на европските интеграции) да не смести среде таа “српска манџа”, со цел да не влеземе во ЕУ пред самата Србија да ги реши своите интереси, особено во Косово, има една цел – Македонија во ЕУ, после Србија или во најдобар случај заедно со неа. Односно, Македонија да стане заложник на “косовското” прашање! Париз, поради емоциите од минатото кон Белград, веќе е на пат да стане дел од тоа сценарио! Тоа е крајно неприфатливо за секој македонски патриот и за секој проевропски Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин и др. кои живееме во Македонија. Наш македонски национален интерес е влез во ЕУ, час поскоро! Ако Албанија е опседната со “косовското” прашање, треба да продолжиме сами без неа, а заедно во тим со Бугарија и Грција. Ние не сме Западен, туку Централен Балкан и природно си гравитираме со нашите соседи – членки на ЕУ! Таму е останатиот дел од Македонија… ние сме една целина… преку Обединета Европа, ќе се обединиме со нашите европски соседи… ќе се обедини Македонија!, вели Богојески.

Според него, премиерот Заев со средбата со Црвенковски го напуша европскиот концепт кој самиот го промовираше.

-„Заевизмот” се претопува во “бранковизмот” од минатото, го напушта европскиот патот по кој тргна, а се враќа во деведесеттите години, кога Владите на СДСМ робуваа на “туѓи интереси”! Секако и оние Влади на ВМРО ДПМНЕ, од времето на Груевски, дејствуваа во рамки на истата матрица! Потребно е ригидно отфрлање на “Бранковата иницијатива”, која продава лажна грижа за европската интеграција на Балканот, а сака Македонија да остане во сферата на “српското прашање”!
Македонија сама да продолжи напред кон ЕУ, под патронат на Берлин и Париз, а по патот и подршката дадени од САД!
Секако, најдобро ќе биде сите земји од Балканот да сме дел од ЕУ, вклучително и Србија, но тоа не може да биде на македонска сметка! Македонија доволно плати за исполнување на својата евро – атлантска амбиција! Македонија треба да оди напред, да гради иднина, а не да се враќа во минатото!!!
Се друго е национално предавство на македонската Република!!!, заклучува Богојески.