Булеварот Индустриска Општина Тетово го гради со години, но само на хартија

0
285

Во септември годинава ќе се потпише договор со Светска Банка за пробивање на булеварот Видое Смилевски Бато во Тетово. Ова го изјави претседателот на советот на Општина Тетово Беким Мемети. Оваа најава не дава надеж дека годинава ќе се заврши овој проект, ако се земе предвид фактот дека по потпишувањето на договорот остануваат неколку месеци за градежни активности, но следува и зимски период.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, веќе три години ветува дека булеварот ќе се прошири. На годишниот отчет рече дека оваа година овој проект сигурно во 2019 година ќе се заврши. Но булеварот засега се гради само на хартија. На денешната 20 – седница на дневниот ред беше изгласан одлука за измена на сумата позјамена од светска банка за изградба на булеварот. Така е речиси на секоја седница само се донесуваат некакви одлуки поврзани со булеварот на на терне ништо не се случува

Во Тетово постојат три булевари, Индустриска, Илинденска и Благоја Тоска. Но, ниту еден од нив не е докрај пробиен. Поради тоа целиот транзитен сообраќај кој се обраќа кон Косово Гостивар и Скопје мора да поминува по тесните улици и коловози низ градот зголемувајќи го сообраќајниот хаос во Тетово. Повеќе од една деценија тетовските власти најавуваат дека ќе ги пробијат булеварите, но од ветеното нема ништо реализирано.
Во Тетово кој преставува економски центар во западна Македонија не постои ниту обиколница, која значително би придонела да се намалат гужвите и сообраќајниот хаос.