Видео: Заев го објаснува мерит системот по кој ги бира советниците

0
187

Пишува ИРЛ

Александар Ружин носел важни инвестиции и бил важен за НАТО и одбраната. Преговарал и со инвеститори за производство на оружје. Додека Венко Андоновски е ангажиран поради неговата стручност, но и фактот што дел од времето живеел во Белград, па логично било да работи на Македонскиот културен центар. Ова е накусо одговорот на прашањето на ИРЛ до премиерот Зоран Заев за тоа дали советниците кои тој самиот ги бира се вклучени во тимот поради заслуги, а не привилегии.

Венко Андоновски е одличен кадар за таа работа

„Советниците ги бирам по потребата на Државата. Венко Андоновски е задолжен за целата постапка при отварањето на македонски културен центар во Србија заради тоа што во прилично напредна фаза сме за обезбедување на српскиот културен центар овде. Господинот Венко Андоновски живее и работи во Македонија, живее и работи и во Србија. Он доаѓа од областа на културата, уметноста, образованието и слично и е одличен кадар за таа работа. Тој е мерит системот по кој што сум го избрал како квалификувано лице“, вели премиерот.

Алекс Ружин преговара со компании за оружје и работи на НАТО агендата

„Господинот Алекс Ружин работи на неколку проекти од Бенелукс, генерално Франција, Белгија и слично. Ќе ви кажам неколку: Работи на суштината на проектните документации за прочистителната станица на Градот Скопје, работи на две компании од Белгија кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија. Работи и на обезбедувањето на можно претставништво на Полската компанија за оружје како дел од НАТО агендата. Сакаме да имаме производство на такви компании дома за да може во иднина да расте и нашата армија, но и да расте во делот на привлекување странски инвестиции“, рече Заев

Премиерот одговара на пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието одговарајќи на пратенички прашања за неговите советници изјави дека Александар Ружин е млад човек, кој е добро образован и може да помогне. Според него, тие луѓе биле ангажирани за да им се даде можност да се градат во нашето општество и да се искористат нивните капацитети.

Заев истакна и дека тие се ангажирани, бидејќи имаат врски со Франција, кои се во корист за Владата. Ружин работел на неколку проекти, како и на привлекување на странски инвестиции од Франција. За Зафировски пак Заев порача дека не знае колку изнесува неговиот месечен надомест, но е висок, бидејќи тој поголемиот дел од времето го поминува во Франција и имал врски во кабинетот на претседателот Емануел Макрон.