Груби: ДУИ е факторот кој што му ја донесе победата на Пендаровски

0
218

Пратеникот на ДУИ Артан Груби, на прес конференција му ја честита на Пендаровски новата функција и истовремено го потсети дека ДУИ и политиките на Али Ахмети беа клучните фактори кои ја запечатија оваа победа.

„ДУИ беа пресуден, одлучувачки фактор во неговата победа и нема што да испорачуваме фактури на нашиот кандидат кој што ги победи овие избори. Најголемата фактура која што е испорачана е консензуалноста со тоа што победија политиките на Али Ахмети и ДУИ кои што ги промовираме уште од 2014 година. Поголема фактура од тоа неможе да постои“, рече Груби.