Завршена изградбата на Али Пашината џамија во Охрид

0
239

 

Поставена куполата на минарето од Али Пашината џамија во Охрид, која неофицијално, ќе биде свечено отворена на празникот Рамазан Бајрам.

И покрај бројните реакции на јавноста поради изградбата на минарето, која се вршеше без соодветна документација, односно одобрение за градба, и најавите на надлежните дека  проблемот ќе биде решен, минарето е завршено. Од првичните најави, единствено отстапува висината на минарето, кое наместо 32 метри, е неколку метри пониско.

Од здружението на граѓани „Совест“ кое беше најгласно во барањата да се почитува законот и да се преземат мерки за стопирање на, како што потенцираа, нелегалната градба, велат дека се чувствуваат изиграно и разочарано.

  • Еве и ние од „Совест“, додека си чекаме да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот на Заштита од Унеско, јавно го покануваме премиерот да дојде со бомбониера на легализирање и отворање на дивоградбата Алипашина џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид. Да му порачаме да нема гајле, Охрид си стана Исламабад на балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог, а не со почитување на закон за сите се решаваат проблемите на граѓаните и религиите. Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади, ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид каде наместо тој мораториум да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа заштитена зона, истиот ќе важи за “будали” луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење па сега нека пропаднат сосе куќите, нека ги снема најдобро, зошто верувале во закони и правда..РАЗОЧАРАНИ ИЗМАМЕНИ ПРЕВЕСЛАНИ ве поздравуваат Охриѓани!, порачуваат од „Совест“.

Од здружението во повеќе наврати бараа и согласно законот да се истражи археолошкиот локален простор на оваа локација, за кој има и докази дека се уништува бесценето благо.

OhridNews