Загина возач, откако со својот автомобил се забил во дрво

0
205

 

Едно лице на 61 годишна возраст од село Босилово загина во сообраќајната несреќа што се случи претпладне во 10:40 часот на патот Струмица-Ново Село. Сообраќајката се случила пред влезот во Босилово.

Автомобилот марка „фиат браво“ од засега непознати причини излетал од патот и се забил во дрво покрај коловозот. За жал возачот веднаш им подлегнал на повредите.

Од силината на ударот автомобилот е целосно уништен. Во извлекувањето на починатиот возач учествувале шест пожарникари со специјална хидраулична алатка.