Заев ги измете неистомислениците: Во партијата нема место за крилата на Црвенковски и Шекеринска

0
194

Само најблиските соработници на Заев кои го “аминуваат“ секој негов збор во партијата можат да останат на функции на Бихаќка, пренесува Курир.мк.

За сите други-метла.

Лидерот на СДСМ ги измете само неистомислениците. Ако досега ги оставаше на функции за да создаде лажна слика за “демократски сојуз“, сега ќе си направи структура по своја мерка.

Александар Кирацовски заминува од функцијата генерален секретар на партијата. На негово место доаѓа еден од најнеуспешните министри, но близок кадар на Заев, Љупчо Николовски.

Токму Николовски беше шеф на кабинет на Заев, додека СДСМ беше во опозиција.

По разрешување на партиските потпретседатели, допрва ќе се дознае кои социјалдемократи ќе ги добијат нивните места. Се очекува најблиските соработници на челникот на партијата да ги добијат и овие функции.

При првите промени кои ги направи во партијата, откако стана нејзин претседател, Заев расчисти со крилото на Бранко Црвенковски. Соработниците и луѓето од доверба на поранешниот претседател на партијата беа ставени во целосна изолација.

Очигледно е дека сега и крилото на Радмила Шекеринска ќе биде изметено.

Заев расчистува кадри кои не се по негова мерка. Во СДСМ ќе си ги смести на функции само оние кои верно ќе му слугуваат.