Искршена и остранета спомен плочата кај Карпалак.

0
222

Спомен плочата поставена во чест на македонските бранители е по којзнае кој пат остранета од банкината на автопатот Тетово – Скопје кај месноста Карпалак. Ова спомен обележје е постојано на мета на вандали. Од Одборот на бранители побараа што поскоро да се пронајдат сторителите.

-Да се пронајдат сторителите, иако до сега за жал можам да констатирам дека ниту еден од овие вандалски случаи не е расветлен. Ние пак ќе ја поставиме плочата, рече Марин Најдов претседател на Одборот на бранители.
Тој се пожали дека државата не презела никакви мерки во поглед на поставување на достојни обележја во чест на загинатие припадници на одбраната во западниот дел на Македонија.
-Не можеме да кажеме дека се достојни обележјата во Битола или Прилеп, треба да има достојни обележја во места каде што загинаа овие припадници како Тетово, Капралак Шарпланинскиот масив и слично, рече Најдов
Плочата беше поставена во 2001 година откако на ова место загинаа десет македонски бранители од Прилеп сите од резервниот состав на армијата. Тие во заседа беа убиени додека се движеја во конвој./Glas.мк