Косовски клиники со пари од Европа ја купиле опремата за трговија со органи

0
221

Косовски клиники со пари од Европа ја купиле опремата за трговија со органи

Според српскиот весник Вечерње новости, клиниките ја имаат најсовремената опрема, благодарение на странските донации за кревање на економијата, а потоа во нив се вршат нелегални интервенции.

Потсетувајќи дека косовската полиција пред два дeна за време на контрола на една приватна клиника во регонот на Приштина уапси четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи, Новости пишува дека во последните петнаесетина години на Косово станало вносен бизнис отворањето приватни клиники на кои главно работат нестручни лица.

„Во нив се вршат ваквите незаконски интервенции“, пишува српскиот весник, потсетувајќи дека косовската полицијата и пред нешто повеќе од еден месец уапси лица осомничени за идентично кривично дело.

Новости проценува дека сомнителните клиники на Косово на овој начин вртат милиони евра. Мкд.мк