Кој ќе „лета“ од владата – анализите се прават?

0
210

Министерот за финансии не очекува да го фати метлата на премиерот Заев. На новинарско прашање наместо директен одговор тој се пофали со сите проекти кои ги сработил во Министерството за финансии.

На повторено прашање од новинарите, дали тоа значи дека не очекува смена, Тевдовски одговори. Иако најавена за после изборите метлата на Илинденска се уште не заиграла. Се чека в среда од одмор да се врати Заев, а потоа и да се сретне со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, зашто за кадрите на ДУИ амин треба да даде нивниот претседател. Тоа го изјавија и министерите Бектеши, Османи и Дураку. Но кога ќе се сретнат се уште не е договорено.

Во очекување на метлата дел од министрите се фокусираа на реформи. За чистката не размислува министерот за образование, ниту неговиот заменик.

Дали метлата ќе го зафати и министерот за внатрешни работи. Спасовски кусо изјави дека тоа не го засега. Во најавената операција „Метла” нема да биде поштеден никој, ако не ги исполнил очекувањата, тврди Шеќеринска. Освен министри, најавената реконструкција треба да опфати и директори, но и промени во партиската структура на СДСМ. Првиот нов функционер се очекува да седне во испразнетата министерска фотеља во култура, откако пред десетина дена оставка даде Асаф Адеми.