Летонија го ратификува Протоколот за НАТО, наскоро оа ќе го стори и Естонија

0
188

Летонскиот парламент го усвои законото со кој се ратификува Проколот за пристап на Северна Македонија во НАТО. Летонија е 13-тата земја членка која даде зелено светло за пристап на нашата држава во Алијансата.

Исто и Владата на Естонија го одобри протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, а во наредната фаза тој ќе биде ратификуван и во Парламентот.

„Процесот на ратификација на протоколот се одвива со добро темпо, а откако ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО.

Се остварува децениски државен и национален интерес за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Членството во НАТО покрај безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.“, велат од СДСМ.