Невладини – Владата лаже кога вели дека нешто презема за развој на Попова Шапка.

0
223

 

Од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, реагираат на вчерашната изјава на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев дека се работи на изработка на физибилити студија за центарот, во која ќе бидат презентирани техничката, правната и финансиската анализа на можностите на центарот, кој потоа ќе оди на продажба.

-Оваа физибилити студија владата ја најавува половина година. Но со агенцијата која треба да ја работи оваа студија сме во контакт и оттаму не информираа дека само еднаш ги исконтактирале од Владата и воопшто не им дале насоки кога да започнат со работа на студијата, рече Хамди Сулејмани од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка.

Тој вели дека ако централната власт планира дефинитивно да го дава центарот на продажба, треба најпрвин да создаде услови со цел да се јават заинтересирани купци.

-Нема да има заинтересираност од никого, ако владата најпрвин не го среди барем малку центарот кој се наоаѓа во многу лоша состојба. Патишта, канализации и слично, тоа треба ургентно да се среди. Исто што е важно е и изградбата на жичарата Тетово – Попова Шапка, со тоа ќе се решат многу проблеми на центарот. Тогаш ќе нема потреба од паркинг места или пак многу сместувачки капацитети на Попова Шапка, затоа што ако ја имаме жичарата тогаш и дел од туристите можат да преноќуваат и во Тетово, рече Сулејмани .

На Попова Шапка подолго време туризмот стагнира. Освен шестоседот кој се уште гради, во изминатава деценија на центарот нема сериозна инвестиција.