Независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Како опозиција гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

0
194

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија господин Герберих, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија госпоѓа Галовеј и амбасадорот на Кралствто Холандија господин Пломп, пренесува Прессинг ТВ.

На средбата беше искажана нивна силна поддршка за нашите заложби да бидеме дел од понатамошните реформски процеси преку законски решенија, земајќи активно учество во нивно изготвување и подобрување.

На средбата беше разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка.

Ние како опозиција гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО – велат независната пратеничка група.