Ни траг ни глас од Нефа Мебел

0
218

 

Добра софа за добра цена е мото на Нефа мебел  но 100тици муштерии останаа без добра софа откако веќе ја платиле добрата цена.

Малкумина успеале во последен момент да земат некаков мебел иако не тој што го нарачале.

Откако пред една недела од салоните почнале да добиваат одговори дека газдите не се тука и дека фирмата ќе се затвора дел од оштетените граѓани лично се упатиле во салоните и магацините на Нефа и со дозвола на вработните подигнале мебел сличен на оној што го платиле, ни раскажаа дел од оштетените, објави Телма

Таксано е и единственото парче мебел останато во овој салон.

Оштетен граѓанин кој задоцнил и дошол вчера оставил порака на врата- доколку некој го отвори повторно салонот да му се јави за да дојде и да го земе креветот.

За разлика од Скопје продавницата во Струмица се уште има мебел. Но Рокасана Петковска наиде на затворена врата.

Голем дел од оштетените што ги сретнавме пред салоните или пак контактиравме по телефон не сакаа јавно да говорат но велат немале причина да се сомневаат дека ке останат со празни раце и покрај тоа што мебелот на Нефа биле доста поефтин.

Провериле и во централниот регистар и виделе дека фирмата не е блокирана и функционира без проблеми.

Ја платиле цела сума однапред потпишале и договор и чекале да поминат 35-те дена за испорака.

Но во очи на продолжениот викенд се става клуч на врата во Нефа. Затворени продавници, исклучени телефони, вработени без одговори и оштетени граѓани на кои не им се знае број.

Телефоните за контакт се недостапни, исто како и веб страната и фејсбук профилот на оваа фирма кои се исклучени.

Институциите во земјава со штури информации. Од МВР велат вчера добиле две пријави од граѓани а од пазарниот инспекторат пак постапуваат по 5 претставки поднесени последниот месец.

“Инспекторите беа на терен направија контрола и подготвиле записник. Констатирале дека мебелот не е испорачан и задолжена е фирмата во рок од 30 дена да постапи. Но доколку во меѓувреме навистина ги затвориле продавниците на оштетените им останува да тужат” – посочува директорот на државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски

За тужба советуваат и од организацијата на потрошувачи

“Со оглед дека а настаната ваква ситуација во која сопствениците затвориле и се во бегство граѓаните мораат да интервенираа во Државен пазарен инспекторат каде ќе ги доставата веродостојните документи (доказ за купување и плаќање) Граѓаните треба да бараат да им одговорат дали се во можност да интервенираат. Договорот се раскинува поради неисполнување на обврската но оштетените граѓани треба да консултираат адвокат поради неисполнување на обврската” – велат од организацијата на потрошувачи.

Српските медиуми вчера објавија дека  српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“ која го продава мебелот на руската компанија „Спилит“  ги затворила сите продавници во Србија и во Македонија а сопствениците си заминале. Работниците во фабриката во Врање вчера бараа спас од локалните власти а оштетените граѓани го запоседнаа магацинот на Нефа во Белград, за да не останат со празни раце.

https://youtu.be/XYco6VMigms?t=4