Објавена пресудата за двајца обвинетите кои во Тетово ја имале најголемата лабораторија за производство на синтетеички дроги во Југоисточна Европа

0
229

Осум и четири години затвор за С.Ш. и А.Х. обвинети во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа. Тие заедно со уште пет други лица беа обивнети за неовластено производство и пртодаќба на дрога, но и поради недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

„На обвинетиот С.Ш. судот му изрече казна затвор во траење од осум години, додека обвинетиот А.Х. е осуден на казна затвор во траење од четири години. По објавата на пресудата, надлежниот јавен обвинител предложи мерката притвор за двајцата обвинети да биде продолжена до правосилност на пресудата. Судот донесе Решение со кое мерката притвор ја продолжи само спрема обвинетиот С.Ш., додека за А.Х. ја укина. Незадоволен од ваквата одлука, надлежниот јавен обвинител најави жалба.“ – велат од ОЈО.

Во мај минатата година, по повеќемесечната истрага македонското и српското обвинителство до Основниот суд во Скопје поднесое обвинение против двајца српски и петмина македонски државјани. Обвинетите во Србија и Македонија неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на дрога, како и опрема и материјали наменети за производство на Амфетамин.

Дел од дрогата како што соопштија тогаш надлежните институции била сместена во објекти во село Батинци, општина Студеничани, а дел во објект во Тетово, каде се произведувал и амфетаминот. Во септември минатата година вина признаа петтмина обвинети, кој заедно добија вкупно 44 години казна затвор.