Одбор на бранители: Никој не може да скрши толку спомен плочи колку што ние можеме да поставиме.

0
209

Припадници на армијата денеска поставија нова спомен плоча на банкината на Автопатот Тетово – Скопје кај месноста Карпалак. Претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов, уште еднаш апелираше да не се игра со чуствата на семејствата за загинатите припадници на одбраната, кои ги положија животите во военикот конфликт во 2001 година.

-Сакам да порачам уште еднаш, тие кои ги кршат спомен обележјата да не си играат со чуствата на загинатите припадници на АРМ. Нека се занимаваат со друга работа. Тие не можат да искршат толку спомен плочи, колку што можеме ние да поставиме. Апелираме да се откријат сторителите, рече Марин Најдов претседател на одборот на бранители.
Вчера беше остранета спомен плочата поставена во чест на македонските бранители по којзнае кој пат Ова спомен обележје е постојано на мета на вандали.
Од одборот на бранители се пожалија дека државата не презела никакви мерки во поглед на поставување на достојни обележја во чест на загинатие припадници на одбраната во западниот дел на Македонија.

-Не можеме да кажеме дека се достојни обележјата во Битола или Прилеп, треба да има достојни обележја во места каде што загинаа овие припадници како Тетово, Капралак Шарпланинскиот масив и слично, рече Најдов

Плочата беше поставена во 2001 година откако на ова место загинаа десет македонски бранители од Прилеп сите од резервниот состав на армијата. Тие во заседа беа убиени додека се движеја во конвој./ Glas.mk