Поднесе оставка директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски

0
207

 

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот до собранието доставил барање за престанок на неговата функција

 

-Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да го поставиме согласно европските вредности, стои во оставката на Трајковски.