Приштина со ултиматум до Албанија: Итна реакција или такси од 100 насто!

0
245

 

Властите во Приштина предупредија дека за два месеца би можело да воведат такса од 100 насто на производи од Албанија, ако Тирана не ги отстрани препреките за извоз на косовско брашно, пиво и компир, пренесува „Спутник“ повикувајќи се на медиуми од Приштина, објави Алсат М.

Ваквиот развој на состојбите следува по неуспешниот состанок на претставници од Тирана и од Приштина на кој двете страни не успеаја да се договорат околу начинот за надминување на проблемите поврзани со извозот на трите косовски производи во Албанија.

Проблемот во трговските односи меѓу двете земји се случува откако Приштина ги отстрани сите препреки околу увозот од Албанија на Косово, додека албанската страна сѐ уште ја нема исполнето својата обврска од тој договор.