Прободено момче во гостиварско

0
204

Два физички напади се пријавени во полиција, Во едниот биле нападнати татко и ќерка од селото Камењане, а во вториот во локал во Градец момче било прободено со нож

Во петокот вечерта околу 21,30 часот, пак, во Полициското одделение Галате било пријавено дека во локал во селото Градец, општина Врапчиште, 25 годишниот Б.Х.(25), жител од Градец физички го нападнал 24-годишниот соселанец К.И.(24). Според пријавеното, Б.Х. со остар предмет му нанел убодна рана на левата рака на К.И..

На К.И. му била укажана лекарска помош во болницата во Гостивар, а МВР информира дека се работи на расчистување на случајот.

Во петокот во 17:40 часот во Полициското одделение Камењане, 52-годишниот И.Ј. од истото село пријавил дека десетина минути претходно тој и неговата ќерка биле физички нападнати од лицата кои ги идентификувал како М.Ј.(50), Ф.Ј.(45) и нивниот син А.Ј.(28), сите од Камењане.

Лицата биле приведени во Полициското одделение Камењане, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.