Ременски ги повикува пратениците – Исполнет е условот да му се одземе мандатот на Груевски

0
209

Пратеничката Фросина Ременски ги потсетува пратениците дека денеска истекуваат шест месеци како пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, отсуствува од работата на Собранието, со што се исполнуваат условите да му биде одземен пратеничкиот мандат.

Ременски ги повика пратениците на нивната одговорност, но и надлежните институции на нивната обврска да истражат како пребега поранешниот премиер.

„Денес истекуваат 6-те месеци неоправдано отсуство од работата на Собранието на пратеникот азилант Никола Груевски.

Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа “за”.

Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд – ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна.

Во меѓувреме, бидејќи се распишал азилантот очекувам да објави книга за неговото “храбро” бегство, како лекција – модус операнди за криминалистите, а роман за сите останати …“, напиша Ременски на својот фејсбук профил.