Тамара пречекана во Македонија – се чувствува како победник

0
213

 

На полноќ, семејството и фановите ја пречекаа Тамара Тодевска и нејзиниот тим, на скопскиот аеродром, објави Телма

Се фотографираше со сите, а потоа кратко се обрати и кажа дека нејзиниот резултат на годинешниот Евросонг, кој впрочем е и најдобар резултат на земјата откако учествува на изборот за песна, е резултат на тимската работа и добрата подготовка во целиот тој период.

Раскажуваше каква била атмосферата додека траеше гласањето и како во неверување гледале заедно со тимот дека добиваат максимум поени од многу други земји.

Изненадена е од позитивните критики и коментари кои ги предизвика со песната ,,Proud” ширум Европа и горда е што јавноста ја сфатила пораката на вистинскиот начин.

Оние кои дојдоа да ја пречекаат Тамара на аеродромот беа почестени и ја слушнаа во живо песната која и го донесе осмото место на Евровизија.