Тачи – Ќе работиме на силна ДПА преку обединување на сите партиски структури кои беа одвоени од нас

0
190

 

Претседателот на ДПА Мендух Тачи на традиционалната ифтартска вечера по повод светиот месец Рамазан одржана во Тетово, пред своите симпатизери во својот говор истакна дека на ДПА како партија и успеал проектот членство на Македонија во НАТО, кој како што рече целосно ќе се реализира на крајот од оваа година.

Следна цел и приоритет на ДПА е обединување на сите политички структури кои се одвоиле од ДПА, а со самото тоа создавање на силна ДПА и нејзин настап но и одлични резултати на следните парламентарни избори.

– Резултатите од последните претседателски избори аргументира дека нашата политичка партија се уште е силна партија, која успеа да опстане во овие тешки моменти. Проектот на ДПА до крајот на оваа година ќе се финализира, односно Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО. Времето што ќе следи пред нас ќе биде време кога треба да ја зајакнеме нашата партија, да се соединиме со одредени политички структури кои беа одвоени од нас, и на наредни парламентарни избори да излеземе со силни капацитети, рече претседателот на ДПА Мендух Тачи.

Тој додаде дека оваа година е многу важна и за Албанците од регионот,

-Сите го чекаме моментот на финалниот договор меѓу Косово и Србија. Не треба за ова никој да биде загрижен концептот е јасен Косово е суверена држава и сите ние ќе одиме напред кон членство во НАТО и Европската Унија, рече Тачи.