Тереза Меј поднесе оставка?!

0
213

Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави денеска дека ќе поднесе оставка пред наредната фаза преговори за Брегзит, а иако не објави датум кога ќе замине од функцијата, високи членови на Конзервативната партија се натпреваруваат кој ќе ја замени.

Меѓу конзервативците кои сакаат да ја заменат британската премиерка се тројца поранешни министри во нејзината влада, Естер Мекви (51) поранешна министерка за труд, поранешната министерка за внатрешни работи Амбер Руд (55) и поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон (54), пренесува Ројтерс.

Исто така, неколку актуелни министри би сакале да ја заменат Тереза ​​Меј – министерот за надворешни работи Џереми Хант (52), поранешбиот министер за Брегзит, Доминик Раб (45) и министерот за здравство Мет Хенкок (40).

Како кандидати се наведуваат и заговорниците на Брегзит Андреа Лидс (56) и Мајкл Гоув (51), поранешниот дипломат Рори Стјуарт (46), познат по тоа што пешачел 6.000 километри низ Иран, Авганистан, Пакистан, Индија и Непал, и поранешниот банкар Шадџид Џавид (49) и Грејам Брејди (51) претседател на Комитетот на пратеници од редовите на конзервативците.