Тетовската почва загадена со арсен кавадаречката со железо.

0
265

 

Тетовската почва загадена со арсен кавадаречката со железо.

 

Во кавадаречкото грозје биле пронајдени концетрации на железо над 15 пати над максимално дозволеното. Истиот метал бил присутен и кај зелката, а концентрацијата му била сериозна и кај примерок од пиперка

Мостри биле земени од две локации во градот Кавадарци и во близина на фабриката загадувач од тешката индустрија, во атарот на селото Возарци.

Истражување на почвата имаше и во тетовско. Таму поконкретно во Општина Јегуновце но и во Тетово, беше пронајдено за дваипол пати поголемо присуство на арсен од дозволените граници.

Поголемите количини на арсен но и на другите метали лошо влијааат на здравјето на човекот предупредуваат здравствените експерти. Посочуваат дека последиците посебно од арсенот во организмот можат да ги почуствуваат вторите па дури третите генерации.

Инаку ваквите загрижувачки информации се соопштени од страна на Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес и невладината оргнизација Еко Герила. Истражувањето е дел од проектот  „Да ја заштитиме почвата од загадување”, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.

– Според резултатите добиени во лиценцирана лабораторија може да се констатира дека редовно има нови загадувања. Загаденоста со железо и никел на почвата е за 1,5 пати над дозволеното, мора да се интервенира, нагласи Кире Кочов, раководител на проектот и претставник на велешкото друштво, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на почва во Општина Кавадарци.

Во проектот се вклучени повеќе градови. Тој нагласи дека процесот на деконтаминација на почвата го започнале пред повеќе од десетина години. Сега сакаат да ги вклучат и другите општини што претставуваат еколошки жешки точки. Сакаат последиците од загадувањето на тешката индустрија да ги отстранат и да ја прочистат почвата.

Оттаму посочуваат и надлежните институциите што поскоро да преземат чекори за деконтаминација на земјата со цел што побрзо нејзино чистење. Во меѓувреме велат оттаму тие ќе започнат со акции во Велес, Скопје, Тетово и во Кавадарци за чистење на почвата преку набавка на семенски материјал и одбирање соодветно растение за деконтаминација.