Унгарија екстрадираше Србин во Косово осомничен за воени злосторства

0
209

Косовскиот министер за правда изјави дека Србин баран во врска со масакр во Косово во 1999 година е екстрадиран од Унгарија. Во денешното соопштение на Абелард Тахири не е именувано лицето, но се вели дека е екстрадирано од Будимпешта откако биле дадени „целосни гаранции“ за почитување на неговто „достоинство и права.“

Засега нема потврда од Унгарија за екстрадицијата. Косовските медиуми известуваат дека лицето наводно учествувало во масакр на 113 Албанци на 26 март 1999 година во град западно од Приштина и дека убиствата се случувале еден ден откако НАТО започна со бомбардирањето на српските цели.