Хан в среда ќе го претстави пакетот за проширување

0
188

Еврокомесарот Јоханес Хан ќе го претстави пакетот за проширување на ЕУ в среда, потврди Комитетот за надворешна политика на ЕП кој ќе расправа по прашањето. Од кабинетот на Хан се уште нема официјално соопштение за агендата, но според процедурата, министрите за надворешни работи на земјите- членки на ЕУ, ќе треба да расправаат за отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, веднаш по објавувањето на пакетот, пренесува Радио Слободна Европа.

Според дипломатски извори, нема согласност од сите земји- членки на ЕУ за отворање на преговорите, бидејќи во некои од нив се потребни процедури на национално ниво, а временската рамка не го дозволува тоа. Кај други земји- членки пак нема расположение за давање на зелено светло.

За отпочнување на преговори е неопходна едногласна одлука од сите земји- членки. Ставовите се усогласуваат наниво на министри, а конечниот политички печат мора да го дадат шефовите на држави и влади.