Царовска: Социјалната реформа ќе спаси од сиромаштија 30 000 домаќинствa

0
184

 

Социјалната реформа, која Министерството за труд и социјална политика, започнува да ја имплементира, ќе спаси од сиромаштија над 30 илјади домаќинства во земјава, рече министерката за труд и социјална политика, Мила  Царовска. Според неа, реформата е фокусира на искоренувањето на детската сиромаштија. За таа цел,  20 % повеќе деца ќе добиваат детски и образовен додаток. Реформата ги вклучува и останатите категории граѓани, како и лицата со попреченост,објави ТЕЛМА.

“Воведуваме траен надоместок од 8000 денари за сите родители кои што чувеле дете, а сега се на возраст од 62 или 64 години, зависно маж или жена. Дополнително, за оние родители што имаат дете со попреченост, а се вработени, надоместокот за скратено работно време, ќе изнесува до 50% од просечната плата. А, тоа е речиси за 3 пати зголемување на надоместокот кој што денеска го земаат истите тие родители” – изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Покрај семејниот пакет со детски, образовен и енергетски додаток и помош за сиромашните семејства,  во социјалната реформа влегува и нов Закон за социјална сигурност за стари лица и воведување државна пензија, за нив.

“Ја кажуваме како термин-државна пензија, но се исплаќа преку Социјалниот систем, а не преку контрибуција од Пензискиот систем” – подвлече Царовска.

Царовска апелира до граѓаните кои се пронаоѓаат меѓу споменатите, особено оние над 65 години кои немаат приходи или од нив не можат да се издржуваат, од среда натаму, да поднесат барања до Центрите за социјална заштита.

А, корисниците на социјална помош кои се влезени во системот и имаат деца што се школуваат, ќе бидат повикувани од центрите за доставување барања за социјална помош

https://youtu.be/Y7SIU4XpIHI?t=40