Џафери му подари на папата Франциск скулптура на св. Кирил и Методиј

0
201

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на папата Франциск му подари скулптура на св. Кирил и Методиј, дело на македонски скулптор Томе Серафимовски, објави РСЕ.

Џафери истакна дека скулптурата е изработена во Охрид, инспирирана од централниот споменик во срцето на самиот град – споменикот на светите браќа апостоли и просветители, основачи на првата словенска азбука – глаголицата, и како што рече, основоположниците на словенската книжевност и писменост.

Во знак на благодарност и почит, папата Франциск на Џафери му подари ретка скулптура и авторски книги. Папата порача дека скулптурата на винова лоза и гулаб на маслинова гранка, е симбол на заедништво и пораки за мир. Папата воедно доби и подарок од архиепископот г.г. Стефан.