12 нови возила за Брза помош – Нема кој да ги користи, недостасуваат лекарски екипи

0
225

12 амбулантни возила за Брзата помош набави Министерството за здравство. Шест од нив ќе бидат намети за потребите на Здравствениот дом Скопје, а по едно ќе добијат службите во Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Крива Паланка и во Берово. Со ова, 100% е зголемен капацитетот на возилата за Итна медицинска помош во Скопје. Но, и покрај тоа, нема кој да ги користи, бидејќи има дефицит на лекарски персонал. Министерот за здравство, Венко Филипче, уверува дека наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на медицински сестри и лекари за Службата на Брзата помош.

И директорот на Здравствен дом – Скопје, Мемедовиќ прифаќа дека нема лекарски екипи за новите амбулантни возила. Oваа служба располага со 40 тимови, кои се состојат од лекари, медицински сестри и возачи. Според него, треба да се формираат вкупно 75 тимови за да се зајакне работата на службата.

Инаку,како посебна станица, Итната медицинска помош е формирана во 1956 година со четири екипи. Во 1970 година е формирана  Ј.З.У. Здравствен Дом Скопје и Итна медицинска помош се интегрира во него како работна единица. Досега скопската служба располагаше со 6 амбулантни возила, но од денеска овој број е двојно зголемен. Електронската аукција за набавка на возилата чинеше 18 милиони и 300 илјади денари. Инаку, според светските препораки, на 50 илјади жители треба да има  по едно возила на Брза помош.