Брисел е првата метропола во светот која го стопира развојот на 5G мрежите поради опасноста по здравјето на луѓето

0

 

Министерката Селин Френо од владата на Белгија изјави дека Брисел ќе сопре со плановите за развој на 5G мрежата поради опасноста по здравјето на луѓето. „Не можеме да ја прифатиме оваа технологија ако не се почитуваат стандардите за радијација, кои мора да ги штитат граѓаните без разлика дали се работи за 5G или не. Луѓето во Брисел не се експериментални глувци чие здравје го ризикуваме за да профитираме“, вели Фено.

Министерката Френо за 5G пилот-проектот во градот изјави дека не е компатибилен со стандардите за безбедност при радијација на Белгија и дека таа нема намера да направи изклучок, без разлика за колку битна технологија се работи. Она што ја загрижува министерката е границата од радијација 1 mW/m2, иако многу владини агенции ги земаат предвид само термалните ефекти на новата револуционеран технологија наместо кумулативните податоци од илјадници студии.

Регионот на Брисел има исклучително строги стандарди во однос на дозволената радијација за телеком апликациите и мрежите. Стандардот од 6 волти на метар веќе предизвика проблеми во минатото кога се воведуваше брзиот мобилен Интернет преку 4G во белгиската метропола./иновативност.мк