(ЕКСЛУЗИВНО) Претепан полицаец во Тетово при вршење службена должност (Видео)

Попладнево полициски службеник вработен во СВР Тетово се здоби со тешки телесни повреди откако беше нападнат од 29 годишниот НС од тетовското село Шемшово, информираат од СВР Тетово. Физичкиот напад се случил околу 16 30 минути на улицата Борис Кидрич во Тетово.

Полицаецот бил нападнат при извршување на својата службена должност, односно при вршење на полициско дејствие при при подигање на автомобил кој бил непрописно паркиран на улицата Борис Кидрич.

Лицето најверојатно поради добиената казна извршил напад врз полицаецот.На видео снимката се гледа како подоцна напаѓачот е совладан од полицијата и приведен.

Полицискиот службеник е надвор од животна опасност и ќе биде задржан на болничко лекување во тетовската болница. Се работи на целосно расветлување на случајот