Генералниот секретар на НАТО и висока делегација од алијансата попладнево во посета на Скопје

0
86

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО и Северноатлантскиот совет, планираат да го посетат и Собранието, откако доцна попладнево ќе пристигнат во Скопје. Со авион освен Столтенберг, ќе бидат и шест членови на неговиот кабинет. Со друг авион ќе слетаат 29 – те претставници на земјите членки на НАТО.

На аеродромот предвидено е да има свечен пречек, по што гостите ќе се упатат кон Собранието.

Столтенберг и претставниците од Северноатланскиот совет утре ќе бидат гости во Владата на РСМ.