Градоначалникот Дудуш се закани кон оној што ја објавил спорната аудио снимка

0
249

Градоначалникот Дудуш се закани кон оној што ја објавил спорната аудио снимка
Во јавноста синоќа беше објавена аудио снимка за која се тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопско Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.

Снимката ја објави порталот Лидер со тврдење дека им ја пратил „свиркач“ но и со образложение дека не знаат на кој начин е прибавена. Како што наведува порталот, на снимката се слуша како градоначалникот Дудуш го прашува извесен Сенат зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува.

Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, во реакција до медиумите најави пријава за објавената аудиоснимка. Тврди дека се работи за монтирана снимка од осуденик и ако била вистинита ќе бил со повреди а за тоа ќе се водел случај.

,,Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај, стои во реакцијата на Дудуш. Од СДСМ го осудија насилство и очекуваат органите да го расчистат случајот.

,,Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување.

По објавувањето на снимката низа реакции и на социјалните мрежи во кои се бара реакција од надлежните. Од Обвинителството велат дека случајот кај нив не е пријавен но ги следат сите информации. Ако добијат пријава ќе постапат, но и да не добијат ќе реагираат по допрен глас. Од МВР кусо одговорија дека го испитуваат случајот./ извор канал5/