Двајца гостиварци за година и половина извршиле над 20 тешки кражби на подрачјето на Гостивар.

0
97

 

МВР соопшти дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 35 годишниот К.Ф. и 38 годишниот Р.И., поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело “тешка кражба“ и две кривични дела “кражба“.

-Во периодот од 22 декември 2017 година до 17 Април 2019 година на подрачјето на Гостивар, во куќи, патнички возила и стоматолошка ординација, пријавените, со употреба на физичка сила отворале влезни врати, додека во патничките возила со кршење на стакло, по што влегувале внатре и одзеле пари, електрични апарати, компјутери, електрични машини за работа и алат. На овој начин се стекнале со противправна имотна корист од скоро 800 илјади денари, изјавија од МВР.

Според досегашните анализи, полицијата успева да расветли околу 50 % од кражбите.

-Лани во гостиварскиот регион имало 272 тешки кражби, од кои половина биле расветлени. Вкупно 128 од тешките кражби биле во станови, куќи и викендици, 15 во продавници и маркети, додека три во верски објекти, цркви и манастири, велат од СВР Тетово