Европа гори на 40 степени – утре и задутре потопло

Топлотниот бран што денеска погоди голем дел од Европа, ќе биде уште поинтензивен.

Температури повисоки од 40 степени се измерени во Франција и Шпанија, а највисоките  температури се очекуваат за утре и задутре.

Шпанската метеоролошка агенција Аемет денес објави портокалова степен на опасност за петте северни провинции. 42 степени Целзиусови се очекува во долината на реката Ебро. Портокаловата опасност утре ќе биде проширена на десет провинции во центарот на земјата и на североисток. Јавната телевизија ги предупредува граѓаните поради “пеколната недела”.

Во Франција, температурите се движат на максимум од 35 до 39 степени во две третини од земјата, особено на југ и исток.

Метео Франција проценува дека тоа е “епизода без преседан во смисла на интензитет и преваленца од 1947 година.”Десетици училишта во Франција беа затворени поради топлотниот бран.

Околу педесет училишта во францускиот регион Есон се затворени поради топлотниот бран, а според француските медиуми, училиштата во делови  на Вал-де-Марна и Сена-е-Марна во близина на Париз ќе останат и натаму затворени.

Се очекува дека температурите ќе се зголемат на над 40 ° C.

Францускиот метеоролог Гијом Возника на Твитер рече дека е веројатно дека Франција ќе добие нова температурен рекорд од 45 степени во петок со што ќе ја надмине  рекордната вредност  од 2003 година со измерени  44,1 ° C.

Големиот топлински бран во Франција во 2003 година предизвика 15.000 смртни случаи.

Германија исто така не беше поштедена и температурата можеше достигна 39 степени во југозападниот дел на земјата, како и во Бранденбург, регион околу Берлин, каде што шумскиот пожар проголта 100 хектари од понеделникот.

Иако рекордот од 40,3 степени измерени во еден мал град во Баварија во август 2015 година не би требало да се надмине, топлотниот бран би можел да биде полош од оној  во 1947 година кога беше постигнат јунски рекорд, велат експертите.

Во Австрија , во Инсбрук, вчера, се измерени  рекордни 36,7 степени.

Во Женева се измерени 35 степени, поради што е откажана парадата на  училиштата, што беше  закажана за денеска. Училиштата, исто така, ќе бидат затворени и во Луксембург.