„Елем турс“ ја избра компанијата која ќе ја подготви анализата за Попова Шапка

0
193

„Прајс Вотерхаус Куперс“ (Pricewaterhouse Coopers) е компанијата која „Елем турс“ ја избра да изработи длабинска финансиска анализа и физибилити студијата со модел на приватно-јавно партнерство, како и предлог модел за продажба за Попова Шапка, пишува „Порталб.мк“.

Директорот на „Елем турс“, Џемаил Јусуфи, објави дека компанијата „Прајс Вотерхаус Куперс“ е избрана да ја подготви финансиската анализа и физибилити студијата.

“По потпишување на договорот, оваа компанија ќе биде обврзана да подготви и финансиска анализа и физибилити студија. За првата е потребен еден месец, а за втората три месеци”, рече Јусуфи.

Како што најави претходно, иако повикот беше само на македонски јазик, компанијата која ќе ја направи анализата е обврзана да го достави извештајот и на англиски јазик.

Инаку по неколкуте катастрофални сезони на Попова Шапка од владата изјавија дека потенцијалнте инвеститори ќе се бараат во западноевропските држави каде зимскиот туризам е една од најразвиените гранки а сопствениците на тамошните ски центри веќе се контактирани. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев пред медиумите изјави дека ќе се обидат да ги донесат во нашата држава и на Попова Шапка за да го презентираат потенцијалот на центарот.

Сегашните анализи покажуваат дека во реонот од 500 километри ски центарот Попова Шапка има најголем потенцијал и дека лесно ќе го надмине ски центарот Копаоник во Србија.

Премиерот Заев истакна дека самата местополжба и фактот што ски центарот Попова Шапка се наоѓа на само 80 километри од скопскиот аеродром ја зголемува атрактивноста кај инвеститорите.