Заев: Ако нема датум за преговори нема реконструкција

Премиерот Зоран Заев за информацијата дека Меркел смета дека не треба да се даде датум за преговори на Северна Македонија, истакна дека за тие што се упатени, информацијата е стара и оти за ова прашање се уште се во тек разговори на највисоко ниво, но и со пратеници.

-Европскиот совет е тој што ја носи конечната одлука. Прво се наговестува преку ГАК. Да не ги пропуштиме овие термини, додаде Заев.

Тој ја прецизираше неговата изјава околу можното враќање на мандатот

– Замислите за реконструкцијата беа поприлично завршени, но заради тоа што парламентарното мнзоинство не е така спокојно после сите одлуки што ги донесе и не гарантира дека ќе се одржи. Затоа најавив и можно враќање на мандатот, тоа значи отворање на различни можности, прво дебата во кој правец продолжуваме и тоа во случај ако не се донесе одлуката ова лето. Ќе ги видиме и основите од разговорите со канцеларката Меркел, а ние сме во постојана комуникација со лидерите од сите земји, додаде Заев.