Премиерот Заев ќе го врати мандатот доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Ако нема позитивна одлука нема да има ниту реконструкција на Владата , ќе се распишат превремени парламентарни избори , а ќе се бара и одговорност за недобивањето датум, објави Телма
Заев очекува идната недела во Берлин да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел каде ќе лобира за добивање датум.Не го напушта оптимизмот дека Европскиот Совет би требало да ги вреднува реформите во државата, потпишувањето на Преспанскиот договор, зошто во спротивно може да имаме негативни последици за економскиот развој и мотививираноста на институциите.
Премиерот вчера од Брисел порача дека недобивањето датум за почеток на преговори ќе доведе до паѓање на владата и можност за поголема политичка нестабилност.