Заев: Атанасов си поднесе оставка бидејќи не стана министер

0
57

Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител ТВ рече дека му е жал што на ваков начин заменик министерот за образование, Петар Атанасов си поднел оставка.

Жалам што господинот Петар Атанасов си поднесе оставка на таков начин. Ред е да кажам, тоа го направи затоа што не стана министер за образование, бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер. Јас во саботата ја донесов конечната одлука и му ја соопштив, рече Заев, наведувајќи дека во неколку наврати Атанасов нему му рекол дека доколку не стане Министер за образование ќе си поднесе оставка.